еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Забранет влез за руските авиокомпании во воздушниот простор на Македонија

Владата донесе одлука да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Македонија за авио компании од Руската Федерација.

Оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, со која се приклучиме на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, е донесена на денешната 18-та седница.

-Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор на Северна Македонија за авио-превозници регистрирани во Руската Федерација, се наведува во владиното соопштение.

Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот продолжува да се шири во Ресен

Редакција

Нови 193 случаи на Ковид-19 од 1.192 тестирања, бројката на активни случаи е 19.978

Редакција

(Видео) Ново шокантно видео од Шангај: Како децата одат во училиште

Редакција