еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Пановски: Новите типови на омикрон брзо се шират особено кај младите, но поминува како настинка

Во однос на зголемување на бројот на заболени со Кобид-19, микробиологот Никола Пановски вели дека треба да се гледа дали има хоспитализирани и критично болни.

-Не е важна бројката на заразени, треба да се гледа дали има хоспитализации и критично болни лица, што во моментов ги нема, нема место за загриженост, но ситуацијата треба да се следи.

Ковидот не е веќе меѓу првите пет заразни болести според хоспитализациите и смртност во моментов во државата, па ако така остане, ситуацијата е добра. Но и да има нов бран, нема да биде со последици како претходните четири брана.

Новите типови на омикрон брзо се шират особено кај младите, но поминува како настинка, појаснува д-р Пановски за весникот Вечер.

Тој вели дека вирусот побрзо се шири во градовите каде што е топло во работните простории, во домовите, хотелите се пушта клима, а се затвораат прозорците.

-Климата ги шири аеросолите и затоа во урбаните средини расте бројот на заразени со ковид, побрзо и од периодот на зимата, вели Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даниловски: Со Ковид-19 ќе се заразуваат и оние што веќе прележале и што се вакцинирани, мал дел ќе завршат во болница

Д-р Даниловски објаснува за клиничката слика која ја предизвикуваат БА.4 и БА.5 варијантите на омикрон

Проф. Трајковски: Бранот е започнат, а реинфекцијата со Ковид-19 кумулативно додава ризици за хоспитализација и морталитет, покажуваат најновите истражувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре нестабилно време со повремен дожд, грмежи и град

Редакција

Проф.Трајковски: „Непрележаните и невакцинираните многу тешко ќе куртулат пред делта сојот, кој на есен ќе го видиме во „полн сјај““

Редакција

Пролетта почнува вечерва во 22 часот и 58 минути

Редакција