еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Даниловски објаснува за клиничката слика која ја предизвикуваат БА.4 и БА.5 варијантите на омикрон

Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски за агенцијата Мета вели дека нема простор за загриженост за новите варијанти на подвидот на Ковид-19, омикрон, БА.4 и БА.5.

Според досегашните искуства, тие не предизвикуваат потешка клиничка слика од претходните подваријанти на омикрон.

„Ако дојдат овие подваријанти кај нас, сигурно ќе порасне бројот на заразени. Официјално ќе се регистрира само еден помал дел. Но, сите ќе бидеме осетливи. Ќе се заразуваат и оние што веќе прележале и што се вакцинирани и лесно ќе поминуваат, а само мал дел ќе завршат во болница“, додава тој.

Искуствата велат дека БA.4 и БA.5 не водат до потешка болест, но оние кои веќе го имале вирусот, повторно може да се инфицираат. Луѓето со примени три дози вакцина исто така се заразуваат иако доказите сугерираат дека вакцините продолжуваат да обезбедуваат силна заштита од најлош исход.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даниловски: Не е исклучено меѓу нас веќе да се наоѓаат подваријантите на омикрон БА.4 и БА.5

Проф. Трајковски: Tивко започнува ширењето на вирусот најверојатно потсојот BA4 или ВА5, шансите за нов бран се огромни

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска променливо облачно, студено и ветровито

Редакција

Почина 19-годишен ракометар на РК Аеродром

Редакција

Нема зголемување на цените на лековите од позитивната листа, велат од Министерството за здравство

Редакција