еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Загреб уапсен, па ослободен разузнавачот Горан Грујевски

Во Загреб, Хрватска е уапсен, па ослободен поранешниот началник на Петта управа на МВР, Горан Грујевски, обвинет во три случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство, кој неколку години е во бегство.

Според телевизијата Клан, која ја објави информацијата, тој бил пуштен откако лица од грчката амбасада во Хрватска го посетиле и побарале негово итно ослободување, бидејќи има азил во Грција, а во Загреб бил во посета на неговиот син кој студира во Хрватска.

Избега во јули 2017 година и е еден од обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“, предметот за нелегалното масовно прислушување. Во октомври лани со измените на Кривичниот законик, Кривичниот суд во Скопје донесе решение за запирање на кривичната постапка за него и другите обвинети, а овој судски процес продолжува за делот што се однесува на уништување на опремата.

Тој е обвинет и во предметот „Тврдина 2“, кој се однесува на незаконското палење на списи и документи на Управата за безбедност и контраразузнавање, докази за масовно прислушување на граѓани, како и во предметот „Трезор“, кој се однесува за незаконска набавка на опрема за прислушување од Велика Британија.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Штип вработува шест лица, плата до 37.000 денари

Редакција

Исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за „бомбата“ со Мицкоски: Објавен е само дел од разговорот

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во февруари

Редакција