еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија активни 13 пожари, под контрола 8

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека вчера во Македонија имало вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, во Јасен – викенд населба Белица (гори борова шума), во Општина Ресен и Општина Охрид, гори на Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, а на охридска територија гори на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума), во Општина Долнени во с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева), во Општина Новаци, во с.Полог – Брник –Рапеш (ниска вегетација, деградирана шума), во Општина Кичево, во с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација), во Општина Кичево, во с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Дупјани (борова и букова шума), во Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација), во Општина Македонски Брод во с.Девич м.в.Вртешка (мешана шума), во Општина Дебар во с.Гари на планина Стогово (мешана шума), во Општина Чашка во с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума), во Општина Маврово – Ростуше во с.Врбен (мешана шума), во Општина Маврово – Ростуше на врвот Кораб (нискостеблеста вегетација) – префрлен од Албанија, во Општина Долнени, во с.Небрегово (3 ТППЕ) (нискостеблеста шума) –префрлен од Општина Чашка од планина Мукус.

Под контрола се пожарите во Општина Валандово во с.Казандол, м.в. Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева), во Општина Македонска Каменица, с.Цера – повторно се разгорел на еден крак, во Општина Македонски Брод во с.Грешница (мешана шума), во Општина Демир Хисар,  Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација), во Општина Делчево, депонија, во Општина Чашка, с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума), во Општина Чашка, на ланината Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума) и во Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) према с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки).

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна вториот дел од распитот на Ахмети пред Меѓународниот суд за Косово

Редакција

Седум членки на ЕУ предложија одлуки за европската надворешна и безбедносна политика да се носат со квалификувано мнозинство

Редакција

Кој е Елмедин Адеми, сопственикот на Еуровиа, донатор на ДУИ, која доби милионски тендер на МНР

Редакција