еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во Тетово нема да се произведуваат електрични автомобили, ракинат договорот со компанијата “е.ГО“

Во Тетово нема да се произведуваат електрични автомобили. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) го запре договорот за државна помош за „е.ГО“, “ќерка“ фирма на германската компанија „Некст е..ГО Мобиле“, која во економската зона во Тетово требаше да произведува електрични автомобили.

Договорот за инвестицијата која беше најавена во август 2022 година, а на која присустуваше речиси цела Влада, како што информираа од ТИРЗ, се запира поради несолвентност на компанијата „мајка“.

„Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија. Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја.

Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош“, информираа од ТИРЗ.

Уште кога беше најавена оваа инвестиција, во македонските медиуми беше пренесена информацијата на германските, дека во Германија за оваа компанија била отворена стечајна постапка.

Државаната помош за „е.ГО“ требаше да изнесува 35% од вкупната инвестиција од 130 милиони евра.

Од ТИРЗ велат дека досега не се доделени никакви државни средства на компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е компанијата „е.ГО“, која во Тетово требаше да отвори фабрика за производство на електрични автомобили

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен првиот регистар на верифицирани и регистрирани е-трговци во Македонија

Редакција

Професор Трајковски: Луѓето со хронични болести се најзагрозени од Ковид-19, а имаат најголем страв за вакцинација

Редакција

По предвремените парламентарни избори во Црна Гора тешко да се формира нова влада

Редакција