еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Гала балетски концерт со најубавите балетски дела на 26. јуни во Националната опера и балет

На 26. јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се оджи Гала балетски концерт, во рамките на фестивалот „Скопско лето“ 2024.

На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска Кочевска, Васил Чичиашвили и Наташа Јосифовска.

Гала балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела како „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски, „Дон Кихот“ од Л. Минкус, „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски, „Оревокршачка“ од П. И. Чајковски, „Рајмонда“ од А. Глазунов и многу други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 154 случаи на Ковид-19 од 1.967 тестирања

Редакција

(Фото) Сиљановска Давкова во Швајцарија имаше средба со потпретседателката на САД, Харис

Редакција

Тетекс откупи 704 сопствени акции

Редакција