еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гаши смета дека не е прекршен Охридскиот договор, “Мајскиот“ не е дел од Уставот

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши од коалицијата „Вреди“ во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека т.н. Мајски договор никогаш не бил дел ни од Уставот, ни од Рамковниот договор и дека ова владејачко мнозинство е легитимно.

Според него коментарите на ДУИ, за нелегитимност на коалицијата „Вреди“, се само политичка опозициска реторика.

-Значи, воопшто човек кој го знае Рамковниот договор, и Уставот на Р.С. Македонија јасно му е дека тоа воопшто не е дел од Рамковниот договор.

Можеби тој заборавил, тоа било „Мајскиот договор“ кој го потпишал со Никола Груевски и кој самиот го прекрши (Али Ахмети, н.з.), но таквиот договор никогаш не беше дел од Уставот и не стана и не може да има таков договор во Уставот, затоа што се коси со секое демократско право.

Владата се прави со 61 пратеници, со мнозинство, а од друга страна албанската коалиција, „Вреди„ доби 107.000 гласови со што потполно го носи легитимитетот на Албанците во ова Собрание, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Европскиот фронт“ на ДУИ со декларација до меѓународната заедница бара да влезе во новата влада

Почнува битката за почитување на духот на Охридскиот договор, најави Ахмети

Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со Ковид-19 заболени вкупно 338 здравствени работници во Македонија, излекувани 249

Редакција

(Мапа) Кавадарци останува на врвот по бројот на заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Филипче: Вакцините се безбедни, вакцинацијата единствен начин да го победиме вирусот

Редакција