еМагазин
Image default
Техно

ГигаВајб со А1 Припејд: Нов месечен припејд пакет XXL преку Мојот А1

A1 Македонија воведува нова атрактивна понуда за корисниците на мобилната припејд телефонија достапна преку апликацијата Мојот А1 со која добиваат можност за супер забава, многу гигабајти и уште поголема можност за споделување возбудливи доживувања и бескрајни разговори, информираат од таму.

Со новиот месечен припејд XXL пакет, за само 299 денари, корисниците добиваат неограничено сурфање на социјалните мрежи Facebook, Instagram, TikTok, X, Messenger, Snapchat и WhatsApp, неограничени разговори и SMS-пораки кон сите национални мрежи и 10GB мобилен интернет за опуштено сурфање цел месец,.

“Оваа најнова припејд понуда ја дизајниравме да обезбеди флексибилност за нашите корисници и да отвориме можност за избор на пакет што најмногу одговара на нивните комуникациски потреби во модерното и динамично време.

Со оваа понуда корисниците добиваат можност за слободна комуникација со најблиските, за сурфање на омилените сајтови и социјални мрежи што претставува уште еден доказ за нашата посветеност кон креирање иновативни продукти што носат многу повеќе вредност”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација на А1 Македонија.

Пакетот XXL корисниците можат да го најдат преку апликацијата Мојот А1 во менито за Пакети, во делот Актуелни понуди. По активацијата, пакетот може да се користи откако корисникот ќе добие SMS-порака дека пакетот е активиран.

По истекот на валидноста, активираниот пакет автоматски се обновува по цена од 499 денари месечно, доколку корисникот има доволно кредит на припејд сметката.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претставен Samsung Galaxy S20: Променете го начинот на кој што го доживувате светот

Редакција

Апликација која овозможува да се возите низ одредена светска метропола и истовреме да слушате локално радио

Редакција

Samsung Galaxy Note10: Дизајниран за врвно корисничко искуство со перформанси за новите генерации

Редакција