еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Првата македонска игра на Nintendo Switch и Xbox One

Прва комерцијална игра “Odium to the Core” на Dark-1, независно македонско студио за видео игри наскоро ќе биде издадена на Nintendo Switch (25. декември) и Xbox One (26. декември) конзолите.

“Ова е прва игра развиена од македонско студио која ќе биде достапна на овие платформи. Издавач за Nintendo Switch верзијата од играта е Qubic Games SA“, велат од Dark-1.

Во моментов може да се направи пред-нарачка на Nintendo Switch на линкот ОВДЕ.

„“Odium to the Core” е предизвикувачка игра базирана на музика која се игра со едно копче, со темен монохроматски стил. Води го Одиум низ опасни и интензивни нивоа водени од музиката да се бориш и да ја спречиш корупцијата која се шири. Стигни до јадрото и спаси го светот!“, велат од Dark-1.

“Држи рамнотежа да ги избегнеш стапиците, непријателите и движи се низ тесни премини. Порази ги предизвикувачките чудовишта и откриј ја приказната зад корупцијата на светот на Одиум„, велат од Dark-1.

Dark-1 е независно македонско студио за видео игри, кое својата прва игра “Odium to the Core” за прв пат ја издава на 11 мај 2018 година за Steam, iOS и Android платформите.

ШТО НУДИ ИГРАТА?

-Контрола со едно копче: Механиките на играта се екстремно едноставни. Држи за да се движиш нагоре, пушти да одиш надолу. Контролите се лесни за учење, тешки за владеење.

-Базирана на музика: Оригинална музика направена специјално за секое ниво. Почуствувај го миксот на D&B и Jungle музиката кој тресе во позадина

-15 предизвикувачки нивоа: Избегни замки, непријатели и соочи се со опасните чудовишта во игра со брзо темпо.

-Кошмар: Обиди се да ги поминеш сите нивоа без зачувување. Повеќе замки демнеат низ екстремно тесните премини.

-Уникатен монохроматски стил: Уживај во глетките на убавиот но темен свет на Одиум и откриј ја приказната кажана низ кратки анимирани видео инсерти.

-Откриј ги тајните: Пронајди ги тајните за да отклучиш опции за модификации на ликот.

-Бескрајно: Тестирај ги своите вештини во бескрајно, процедурално генерирано ниво.

Играта е веќе достапна на Steam и iOS и беше издадена порано годинава, на 11 Мај:

Steam: store.steampowered.com

App store:itunes.apple.com

Официјален сајт за играта: odium.dark-1.com

Официјален сајт на студиото: dark-1.com

Социјални медиуми:

Facebook: www.facebook.com/gameodium

Twitter: twitter.com/Dark1_games

Instagram: www.instagram.com/dark1games

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер ја „подбра“ Владата за имињата на институциите: „Дали Македонски брод ќе стане Национален брод?“

Никола Осило

„Ассеко Сее“ го доби тендерот на Царинската управа за одржување и развој вреден 308.000 евра

Никола Осило

Што ќе бараат работниците на денешниот марш за работнички права

Редакција