еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Голема регионална поддршка за настраданите во пожарот во Кочани: НЛБ Групацијата донира 350 илјади евра во Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

НЛБ Групацијата, најголемата банкарска и финансиска групација со седиште и ексклузивен стратешки интерес во регионот, донира средства за долгорочна поддршка на семејствата на настраданите и повредените во пожарот кој неодамна се случи во Кочани, информираат од таму.

Сите банки-членки на Групацијата контрибуираат со одреден износ, со што вкупниот износ на донацијата изнесува 350 илјади евра, средства кои треба да помогнат на погодените во справување со последиците од трагедијата.

Средствата ќе бидат уплатени на сметката на неодамна основаната Фондација на Македонската банкарска асоцијација (МБА) „Заедно за едно“, во која НЛБ Банка е еден од основачите, а чија основна цел е помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани на повредените во пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и нивните семејства, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба.

„Длабоко жалиме за изгубените животи, Кочани е огромна трагедија. Во вакви моменти, важно е да се потсетиме на силата на заедништвото и на нашата подготвеност да се обединиме и да делуваме здружено и со сите капацитети. Впрочем, како основачи и донатори во Фондацијата на Македонската банкарска асоцијација која ја промовира солидарноста и општествената одговорност на банкарскиот сектор тоа и го потврдуваме.

Изразуваме огромна благодарност до нашата групација, НЛБ Групацијата, и сите нејзини членки кои давајќи придонес кон оваа донација уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон регинот во кој делуваме„, изјави Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

„Неодамнешната трагедија од пожарот длабоко нѐ погоди сите нас – не само како банка, туку и како луѓе кои живеат и работат во овој регион. За нас, овој регион не е само точка на мапата – тој е и наш дом. И кога вашиот дом ‘ве боли’, правите сè што можете да помогнете.

НЛБ Групацијата ја дава оваа донација за закрепнување и надеж, затоа што ние не сме само банка туку сме и соседи, и партнери и дел од заедницата. И секогаш ќе бидеме тука да помогнеме и да придонесеме, и во моменти на раст и во моменти на тага„, истакнува Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ Групацијата.

Непосредно по трагедијата, НЛБ Банка Скопје донираше и средства преку сметката на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија, давајќи поддршка на организацијата која уште веднаш ги стави во функција сите механизми за материјална и хуманитарна помош на повредените и семејствата на настраданите, и сите свои расположливи капацитети за поддршка на институциите во справување со последиците од страотниот пожар, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Индустриското производство во јули со пад од 5%

Редакција

(Видео) Невреме во Грција зеде три жртви, големи штети на Халкидики, во Солун и на дел од островите

Редакција

Заев и Мицкоски се договорија да не се договорат, судбината на СЈО останува да виси

Редакција