еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Унгарската групација 4iG основа компанија во Македонија

По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, 4iG Group започна со подготовки за влез на пазарот во Македонија, со основање на подружница „ONE Macedonia Telecommunications“.

Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан.

Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, 4iG Group има за цел што поскоро да влезе на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

„Основањето на One Macedonia Telecommunications е првиот важен чекор за 4iG Group да стане значаен нов играч во Северна Македонија. Покрај професионалните соработки, деловните и оперативните синергии стекнати од претходните искуства во регионот, Групацијата 4iG ја има поддршката од македонската влада којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата,“ се вели во соопштението од компанијата.

Со завршувањето на процесот на регистрација на компанијата, за иден извршен директор на One Macedonia Telecommunications е назначен Тамаш Табори, кој е заменик извршен директор одговорен за телекомуникациската стратегија во Унгарската матична компанија на групацијата, 4iG Nyrt.

4iG Group започна консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело во Македонија и избра локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација на стратегијата на групацијата во земјата.

Заедно со сопствените експерти од индустријата на 4iG Групацијата, водечка улога во целиот процес ќе ја има „Analysys Mason“, една од најголемите глобални технолошки, медиумски и телекомуникациски консултантски компании.

„Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ONE Macedonia Telecommunications е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Северна Македонија“, рече Тамаш Табори, извршен директор на ONE Macedonia Telecommunications и заменик извршен директор одговорен за телекомуникациска стратегија во 4iG Nyrt.

Деловниот опсег на One Macedonia Telecommunications опфаќа мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги.

Како членка на Алијансата O-RAN, Групацијата 4iG е посветена на користење технологија од веродостојни и сигурни извори како дел од иницијативата „Чиста мрежа“, што е услов поставен од македонската влада за нов учесник на пазарот. Иницирана е и регистрацијата на веб-страниците на новиот давател на услуги, така што компанијата ќе биде достапна и преку домените onemacedonia.mk и onetelekom.mk.

За 4iG

4iG Nyrt., со седиште во Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и регионот на Западен Балкан и клучен играч во дигиталната економија базирана на знаење.

-Котирањето на берзата во Будимпешта, свежиот и иновативен пристап на компанијата, во комбинација со нејзината позиција како водечки унгарски телекомуникациски и ИТ систем интегратор, ја прави водечки провајдер на услуги во дигиталната трансформација во регионот, велат од таму.

Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и ОНЕ Албанија, групацијата 4iG е лидер на пазарот во телекомуникациските и инфо-комуникациските услуги во Западен Балкан, опслужувајќи скоро 2.2 милиони резиденцијални и 400.000 деловни корисници во двете земји.

-Групацијата 4iG остварува значајна вредност преку нејзината посветеност на прекуграничните глобални технологии додека се придржува до локалните потреби и регулативи. Групацијата континуирано ги проширува своите услуги, експертиза и портфолио за да одговори на променливите барања на телекомуникацискиот и ИТ пазарите.

Како членка на O-RAN Alliance, групацијата е посветена на градење мрежи користејќи технологија од веродостојни и сигурни извори во рамките на иницијативата „Чиста мрежа“. Групата вработува повеќе од 8.000 луѓе, посочуваат од таму.

За повеќе информации, посетете ја веб страницата: www.4ig.hu.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата и угарската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање

4iG која сака да влезе на македонскиот пазар годинава ќе го лансира првиот унгарски сателит во орбитата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рикер: Билатералните прашања да се решаваат надвор од процесот за интеграција во ЕУ

Редакција

Уште еден тинејџер уапсен за планирање на терористичкиот напад во Виена

Редакција

(Фото) Гласањето во скафандери во македонскиот Собрание хит во регионов: „Вирус е вирус, но кворум е закон“

Редакција