еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Две фирми за игри на среќа може да останат без дозвола за работа

Две фирми за игри на среќа може да останат без дозвола за работа. Не е познато за кои фирми се работи, а и двете се надвор од Скопје

Како што соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, двете фирми должат големи износи кон државата.

– Двете друштва не платиле ниту една од давачките по основ на повеќе закони во период од неколку години со што најверојатно  ја оштетиле државата.

Едно од друштвата е формирано во 2022 година и од тогаш не платило ништо, иако има обврски кои произлегуваат од Законот за игри на среќа од законите за одредени даноци, како и придонеси за вработените, изјави вчера Димитриеска Кочоска, која информираше дека Министерството за финансии ги испратило предметите за фирмите до Финансиската полиција и до Министерството за внатрешни работи, кои треба да утврдат дали и во колкав обем е оштетена државата од незаконското работење на фирмите..

На овие информации реагираа од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), од каде посочија дека нивните членки секогаш работеле според законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Голем пожар ја зафати Гоцева шума кај Неготино, испратен авион на ДЗС за гаснење

Редакција

Народната банка ја намали понудата на благајничките записи: Поголем простор за кредитирање на банките

Редакција

Анализа на Телма: Чиста преговарачка рамка за Албанија, македонската условена и преседан

Редакција