еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двојните избори ќе ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи, се гласа само еднаш

Вториот круг од претседателските избори и парламентарните, утре ќе ги следат 1.303 домашни набљудувачи, 860 странски и 83 странски новинари, информираа денеска од Државната изборна комисија (ДИК).

Од таму потенцираа и дека секој граѓанин на двојните избори може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право.

Граѓаните ќе бидат прашани дали сакаат да гласаат за двата вида на избори или сакаат да гласаат само за еден вид на избори.

Ќе добијат две гласачки ливчиња доколку се одлучат да гласаат за двата вида на избори или едно гласачко ливче за изборите за кои се одлучиле да гласаат.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Автомобил падна во канал на влезот во Кочани, возачот се здобил со повреди на главата

Редакција

Нови 37 случаи на Ковид-19 од 4.264 тестирања, во Тетово 13, во Скопје 12

Редакција

Убава вест: Оздравени 479 пациенти болни од Ковид-19, од Скопје 358

Редакција