еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Деветтото обвинение за Мерко го остави без пасош

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поднесе ново, деветто обвинение за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, кое го остави без пасош, а еднаш неделно треба да се јавува и во суд.

Тој е обвинет за поставување на плоча на албански јазик на влезот од општинската зграда, со која се величи фашистичката окупација и со истата потикнал етничка омраза и раздор помеѓу жителите на градот.

-Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот.

Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.

Надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон, информираа од Обвинителството.

Со последното поднесено обвинение, во основните судови во Струга и во Битола, против Мерко ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

Основниот суд Струга го прифати предлогот на Обвинителството и донесе Решение со кое му го одзеде пасошот на Мерко и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште едно обвинение за Рамиз Мерко, досега осум

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во изминатите три дена, 96 нови случаи на Ковид-19, оздравени 288, четири починати лица

Редакција

Најголем дел од граѓаните кои се обесштетуваат преку НЛБ Банка, имале до 100 денари на сметка во Еуростандард банка

Редакција

Кои привилегии ќе ги има Иванов откако му истече мандатот

Редакција