Десетти ден нема глас од скопјанката Лидија Трајковска (43), која за исчезната беше пријавена на 8. ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Јави се од некаде„: И сопругот на исчезната Лидија испрати апел
Засега нема нови информации од нејзиното семејство, кое побара помош од јавноста, но и од полицијата, која пред неколку дена пронајде неколку нејзини предмети и пребаруваше на повеќе локации, заедно со членови на семејството и граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата најде неколку предмети на исчезната Лидија Трајковска
Трајковска последен пат била видена на автобуската станица во скопското село Јурумлери. Кога исчезнала носела зелен дуксер со црни шари, црни хеланки и црни патики.
Доколку ја видите јавете се на бројот 071 345 208 или пријавете во полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За исчезната Лидија Трајковска пишуваат и српските медиуми