Синоќа во сообраќајка на патот Кичево-Гостивар во судир на три возила загинаа три, а беа повредени осум лица.
Нивниот идентитет засега не е познат, а повредените се префрлени во болницата во Кичево и комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три лица загинаа во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар
Од Основното јавно обвинителство Кичево информираа дека заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршиле увид на лице место.
-Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ