Од вечерва на полноќ за половина денар поскапува цената на бензинот Еуросупер БС-98, цената на Еуросупер БС-95 останува иста, а цената на Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинството поевтинува за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 76 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 75, а Еуросупер БС-98 за 87,5 денари за литар.
Цената на Еуросупер БС-95 останува 85 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,683 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,459 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.