еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Државниот јавен капитал на Општина Кавадарци за седум години се зголемил од 13 на 51 милион евра

Државниот јавен капитал на Општина Кавадарци, за седум години се зголемил четирикратно, информираше градоначалникот Митко Јанчев.

„По преземањето на функцијата градоначалник во 2017 година, вредноста на државниот јавен капитал на Општина Кавадарци изнесуваше 799.932.000 денари (13 милиони евра). Во 2024 година, таа вредност порасна на 3.142.918.000 денари (51 милион евра), што претставува четирикратен раст.

Овој значителен напредок е резултат на посветеното и одговорно водење на Општината од страна на градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци.

Напорната и чесна работа на сите членови на Советот, како и на градоначалникот, значително придонесе за остварување на овие впечатливи резултати и подобрување на состојбите во општината,“ се вели во Фејсбук-статусот на Јанчев.

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општинската администрација во Куманово ќе волонтора и ќе дистрибуира кислородни боци за ковид-пациенти во болницата

Редакција

Викендов дожд, од понеделник и снег

Редакција

Здравствените работници ќе имаат зголемени мартовски плати

Редакција