еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дрин Ахмети тврди дека „Еверест ЏД„ платила за експлотација на минерални суровини

Неколку дена откако Дрин Ахмети и неговиот брат Бесиан Ахмети, внуци на лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, беа осомничени во случајот за злоупотреба на концесија за минерални суровини на локалитетот „Буковиќ“ во Општина Зајас, се огласија од друштвото „Еверест ЏД“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за внуците на Ахмети, Дрин и брат му Бесиан

Сопственикот и управител на „Еверест ЏД“, Дрин Ахмети тврди дека Друштвото платило за надоместок за простор и експлоатација за периодот од 2016 до 2024 година.

-Друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје има склучено Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Буковиќ“, Општина Зајас, заведен под архивски број на Министерството за економија 24-3114/16 од 07.07.2006 година, велат од Друштвото, прложувајќи ги сите уплати.

-Ваквите лажни твдења прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмеди. Исто така, апелираме до надлежните институции, вклучително Министерството за внатрешни работи, да ги проверат исказите во нивната истрага, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Бесиан Ахмети, кој од Муцунски е разрешен од позицијата прв секретар во Амбасадата во Брисел

Кој е Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој се повлекува од „Тор индустрис“, која има удел во „Соравија“

Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации

Фото: Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски и Пендаровски на „тапет“ на Твитер

Редакција

Надворешниот долг 29,3% од БДП

Редакција

МВР со апел до граѓаните за претпазливост: Измамници бараат пари од повозрасни лица за наводни сообраќајки

Редакција