еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој се повлекува од „Тор индустрис“, која има удел во „Соравија“

Внукот на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, повторно е во фокусот на јавноста. Овојпат поради најавата за повлекување од неговата компанија „Тор индустрис“, која има удел во „Соравија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети се повлекува: Фирмата на внукот на Ахмети, која има удел во “Соравија“ е преземена од американска компанија

Извесна американска компанија „Тексас американ интернешнл холдингс“ ја презема „Тор индустрис“, на која тој е основач и сопственик, а тој најави дека ќе се повлече до крајот на годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Внукот на Али Ахмети добил бизнис партнер од Тексас

Пред извесно време младиот бизнисмен повторно беше топ тема тема, откако беше приведен, бидејќи полицијата во возилото кое го возел – „ренџ ровер“, со албански регистерски таблички, му нашла 749 пиротехнички средства, како и поради информацијата дека негови фирми добиле тендери од Фондот за иновации и технолошки развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации

Кој е Дрин Ахмети

Тој е син на Фекри Ахмети, брат на Али Ахмети

На јавноста и стана познат откако за без пари, како што информираше самиот тој, стана сопственик на 39 отсто од „Соравиа Инвест“ и на 49 отсто од „Соравиа Менаџмент“.

Првата информација на Гугл за младиот Ахмети, кој има 26 години е неговиот профил на „Линкд ин“.

Според информациите кои ги споделил овде, образование стекнувал во земјава и странство.

Во Македонија студирал на приватниот Американ колеџ во Скопје, истовремено и во Италија на државниот Tor Vergata, а во Северна Каролина во САД бил на постдипломски студии на приватниот универзитет – Duke.

Учел за финансии, банкарство, бизнис-менаџмент, инженерство на нафта и гас…

Како што кажа и самиот пред неколку месеци, веќе на 19 години, паралелно додека студирал водел бизнис, па затоа и толку брзо напредувал во кариерата.

Освен во “Торх индустрис“ тој се јавува како сопственик и косопственик и во фирмите „Еверест ЏД“, „Потам-плант“ (преку Еверст ЏД) и „Хелиос плант“. Првата е од областа на градежништвото, а другите две се занимаваат со производство на струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Приведен Дрин Ахмети, внукот на Ахмети и еден од соствениците на „Соравија“

Дрин Ахмети на „тапет“ на Антикорупциска за дозволите за хидроцентралата

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Фото: Дрин/Линк Ин/Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил наследникот на Вангеловски, Фаик Арслани, новиот в.д. претседател на Врховниот суд

Редакција

(Табела) Најмногу вакцинирани со една доза во Неготино, Охрид и Кавадарци

Редакција

Стотици деца биле сексуално злоупотребувани во домови во Лондон

Редакција