еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Табела) Најмногу вакцинирани со една доза во Неготино, Охрид и Кавадарци

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава, информираат од Министерството за здравство.

-Заклучно со 17. октомври, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 33%, велат од Министерството.

Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (65,1%), Кавадарци (65,3%), Неготино (66,3%), Гевгелија (62,4%) и Ресен (60,6%).

Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип, Пробиштип.

Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод и Тетово.

Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

“Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат.

Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себе си и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19.

Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот. Ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време на еден од најблиските пунктови до местото на живеење“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 368 болни од Ковид-19, од Скопје 154

Редакција

Продолжува судењето за организаторите на „27 април“, како сведок е повикан Заев

Редакција

Лидерот на Беса, Касами вели дека не е изненаден од одлуката на сопартиецот Реџепи

Редакција