ДУИ била гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата, одговорија од опозициската партија, откако премиерот Христијан Мицкоски изјави дека опозициската партија есенва може да преземе чекори за дестабилизација на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, вели Мицкоски
„ДУИ како државотворна партија е гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата.
Без да ги коментираме политичките спинови и блефови, сакаме да појасниме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи за заштита на легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и албанскиот народ во Северна Македонија“, велат од ДУИ, од каде меѓудругото посочуваат дека ќе ги преземале сите демократски мерки за да го спречат “понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали’.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ДУИ