еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН Македонија со волонтерска акција и празнични донации

Традиционално за време на новогодишните празници, ЕВН Македонија донираше пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква. Покрај тоа, вработените на ЕВН ја реализираа волонтерската акција „Споделување на новогодишни пакетчиња со бездомни лица“ во соработка со организацијата „АЦТ Македонија“ во Скопје, информираат од таму.

Верските заедници преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „Каритас“ и „Ел Хилал“ ќе се погрижат пакетите со храна да бидат распоредени низ целата земја.

Свештениците од хуманитарната организација „Свети Спас“ ќе достават храна до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини во парохиите.

Пакети со прехранбени продукти кои беа донирани за Католичката црква, „Каритас“ и хуманитарните организации на Исламската верска заедница (ИВЗ) „Хилал“ ќе ги поделат кај семејства во ризик.

ЕВН Македонија е одговорна компанија која контуинирано вложува во проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и се приклучува кон најразлични иницијативи кои ги третираат предизвиците на семејствата од ранливи категории. Компанијата во текот на годината волонтира и вклучува различни организации кои работат со ранливи категории граѓани, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Lucky days” во НЕПТУН од 05-08 ноември: Најголеми попусти на целиот асортиман

Редакција

НЛБ Групација: Го поврзуваме нашиот матичен регион преку уметноста

Редакција

Алкалоид донираше течен „Омепразол“ со кој ќе помогне во лекувањето на околу 200 деца

Редакција