Во полициската станица Тетово на информативен разговор за убиството на 39-годишниот маж од Тетово е задржано едно лице, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Тетово убиен маж од возило во движење
Од таму велат и дека се извршени и претреси на три локации во селото Гајре, од каде се одземени предмети кои можеле да бидат корисни за расчистување на настанот.
Во расчистување на убиството се вклучени и полициски службеници од Одделот за крим полиција при Бирото за јавна безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиениот маж во Тетово имал 39 години, објавен е распис за апсење на неговиот убиец
Неофицијално убиството е поврзано со пукањето пред тетовската болница во јануари во кое беше убиено едно лице од Гајре.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.