еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ердоган најави повлекување од политика

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој со неговата партија АКП владее со земјата повеќе од 20 години, најави повлекување од полтиката.

Како што пренесуваат турските медиуми, учеството на локалните избори кон крајот на месецов за Ердоган ќе бидат финале за неговата политичка кариера.

„За мене ова е финале. Со овластувањата дадени со законот, ова се мои последни избори, но резултатот што од нив ќе произлезе ќе биде пренесување на довербата за моите браќа кои ќе дојдат по мене“, изјави Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

Ердоган беше премиер на Турција од 2003 година до стапувањето на претседателската функција во 2014 година.

Фото: Ердоган/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австрија предлага унапредување на постепената интеграција на Западниот Балкан на патот кон полноправно членство во ЕУ

Редакција

(Фото) Македонскиот олимписки тим на дефилето на нациите на 32. Летни олимписки игри во Токио

Редакција

Историја на расколи: Ќе се родат ли нови партии со предзнакот ВМРО?

Редакција