еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ер-тракторите ќе се вклучат во гаснење на пожари на планината Серта и Огражден

Армиски и полициски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Серта кој со денови е активен и постојано се шири. Двата ер-трактори ќе бидат засилување во борбата со огнената стихија.

Кризниот штаб на Општина Неготино вчера излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.

„Апелираме до месното население за поголема ажурност, следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места. Исто така, побарана е повторно до ЦУК и до ДЗС воздухопловна поддршка за утрешниот ден, за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите“, информираа од Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа.

Веќе неколку дена е активен и пожарот на планината Огражден во близина на бугарската граница, на територијата на општина Ново Село.

„Полициски хеликоптер учествуваше во гаснењето на пожар на планината Огражден, на територијата на општина Ново Село. Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.

За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума,“ велат од МВР.

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер вреден 46 милиони денари: Министерството за одбрана купува 14.000 воени униформи

Редакција

Енергетската криза го зголемува аерозагадувањето во урбаните средини, за кои до лани не беше карактеристично

Редакција

Град Скопје активираше мерки поради загадувањето на воздухот

Редакција