еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Членови на СОНК протестираат пред седиштето на синдикатот

Членови на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска се собрани пред седиштето на СОНК по информациите дека е постигнато зголемување на платите за 12 проценти и оти штрајкот од утре ќе прекине.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска ги оквалификува како шпекулации информациите дека е потпишан договор со Владата и дека било поткупено раководството на синдикатот.

– Едно е јасно. Вчера бевме во Влада и во изјава за медиумите кажавме дека разговаравме и дека останува на членството да се произнесе по предлозите. Од таа причина, се уште се држат состаноци и се сондира мислењето на членството.

И Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на понудата. И од таа причина бидете сигурни дека без никаква манипулација, ќе бидат јавни и транспаретни одлуките на членството, изјави Неделков пред насобраните членови на синдикатот.

По барање на насобраните членови, Неделков се согласи седницата на Советот на СОНК да биде отворена. Седницата на Советот, според најавите, треба да се одржи попладне со почеток во 16 часот.

Раководството на СОНК вчера по неколкучасовни преговори во Владата се договори платите да бидат зголемени за 12 проценти почнувајќи од јулската плата откако првично беше одбиен владиниот предлог за зголемување од 10 проценти. Претседателот на СОНК по средбата во Владата изјави дека тоа е максимумот што во моментот можел да се издејствува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК вечер носи конечна одлука за прекин на штрајкот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 578 лица за неносење маска

Редакција

„Во времето на Тито се живееше многу подобро отколку денеска“: Титовистите од Кочани го одбележаа Денот на младоста

Редакција

Посредничка мисија: Утре во Скопје и Софија со предлог доаѓаат португалскиот министер Силва и еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција