еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема старт на преговорите за Македонија пред да ги внесе Бугарите во Уставот, вели бугарската министерка Генчовска

Нема старт на преговорите за Македонија пред да ги внесе Бугарите во Уставот, најави денеска бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, пренесуваат бугарските медиуми.

Генчовска објасни дека овој услов за Македонија е втемелен во декларацијата на бугарското Собрание и во одлуките на Советодавниот совет за национална безбедност при претседателот на државата и дека со бугарскиот став ќе го запознае и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на нивната денешна средба во Софија.

„Ова е уште една средба со еврокомесарот Вархеји. Повторно ќе го запознаеме со ставот на нашата земја, да видиме што можеме да направиме заедно со нашиот колега од Северна Македонија, за да постигнеме напредок. Бугарското мнозинство да влезе во Уставот на Северна Македонија со ЕУ како гарант е услов поставен во декларацијата на Народното собрание и Советодавниот совет за национална безбедност“, изјавии таа.

Фото: Фејсбук/Генчовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во две блок трансакции продадени акции од „ЗК Пелагонија“ за 374.000 евра

Редакција

Од следната среда за 10% пониски цени за над 50 основни прехранбени производи

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и извинување од Ковачевски за смеењето за “премиер на западна Бугарија„

Редакција