еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Жените се повнимателни и поодговорни учесници во сообраќајот

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март денеска апелира сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и сигурни бидејќи, како што наведуваат, секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата.

„Празникот 8 Март потсетува на важната улога на жените во нашето општество. На овој празник кој е посветен на понежниот пол, бидете одговорни и сигурни учесници во сообраќајот, бидејќи секоја жена заслужува да биде безбедна на патиштата.

Жените имаат сила, храброст, сообраќајно знаење и вештини, но и тие се подеднаково изложени на бројни ризици како и останатите учесници во сообраќајот. За среќа, тие умеат да се заштитат без разлика дали се возачи, патници или на било кој начин учествуваат во сообраќајот“, се вели во соопштението.

Од РСБСП посочуваат дека статистиката кажува дека жените се повнимателни и поодговорни учесници во сообраќајот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летото се враќа во Македонија: Сончево со температура до 30 степени

Редакција

Од денеска започнува пролетта

Редакција

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Редакција