еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Двојно убиство во Стајковци

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени 57-годишната С.К. и нејзиниот сопруг, 64-годишниот В.К..

– Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал.

Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К .(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството. Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош“, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапува такси превозот во Охрид

Редакција

Убава вест: Оздравени 276 болни од Ковид-19

Редакција

Словенија уапси двајца руски шпиони, едниот живеел под лажен идентитет и имал аргентински пасош

Редакција