еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На продажба уште три станови и гаража на Мијалков проценети на 330 илјади евра

Државата продава уште три запленети станови и гаража на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Како што информираа од Агенцијата за управување со одземен имот станува збор за станови кои што се наоѓаат на улицата Славејко Арсов во Скопје, еден од 78 м2, два од 73 м2 и една гаража од 30 м2 во скопски Центар.

Од продажбата државата проценува дека ќе заработи 20.316.663 денари или 330.350 евра.

Огласот е објавен денеска и ќе трае 15 дена, а рокот за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е до 23. ноември.

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на 27. ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни третина од запленетиот имот на Мијалков не е продадена

Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра

Претходно беа продадени недвижности на Мијалков во Охрид, а во следните месеци повторно ќе се продаваат акции поврзани со него, за кои засега нема интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бројчаникот да врти колку пари ќе му вратиме на Мијалков„: Твитер за застарувањето на „Таргет-Тврдина“, делото за масовното прислушување

(Видео+фото) Мијалков направи луксузна свадба на синот Јордан

Фирмите поврзани со Мијалков остануваат во Топ 10 должници, на Листата на УЈП и Супертрејд транспорт

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има и матични лекари кои не веруваат во корона вирусот, не ги пријавуваат пациентите за тестирање и ги лекуваат дома

Редакција

(Фото) Дечиња во Штип продаваа сок на пазар за да соберат донации за Симона

Редакција

Османи не го знае законот за употребата на албанското знаме

Редакција