еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ни третина од запленетиот имот на Мијалков не е продадена

Ни третина од имот кој државата му го заплени на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, не е продадена, вели во интервју за Радио Слободна Европа, директорот на Агенција за конфискуван имот, Дритон Небиу.

-Ниту една третина немаме продадено од имотот на господинот Сашо Мијалков, затоа што тука располагам со дваесет и нешто недвижни имоти коишто планираме во многу краток период да ги објавиме, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра

Како што објави еМагазин пред извесно време немаше никаков интерес за продажба на акциите во фирми кои се поврзауваат со Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не ги купи акциите на Мијалков, ќе го купи ли некој неговиот запленет имот?

-Акциите одат преку берзанска аукција, за нив се води малку поинаква продажба, не е како недвижниот имот. Јас бев изненаден зошто немаше никаков интерес од страна на граѓаните за да ги купат тие акции. Немаше ниту еден понудувач што сака да ги купи тие акции. Јас серозно останав без коментар зошто нема заинтересирани купувачи.

Но, ние нема да застанеме тука, во рок од шест месеци пак ќе ги објавиме, вели Небиу за РСЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бројчаникот да врти колку пари ќе му вратиме на Мијалков„: Твитер за застарувањето на „Таргет-Тврдина“, делото за масовното прислушување

(Видео+фото) Мијалков направи луксузна свадба на синот Јордан

Фирмите поврзани со Мијалков остануваат во Топ 10 должници, на Листата на УЈП и Супертрејд транспорт

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

 (Галерија) Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија

Редакција

„За Бадник и Божиќ никој не треба да биде сам“: Заеднички ручек на Плоштадот во Кавадарци

Редакција

ЕУ замрзнала руски имот во вредност од најмалку 68 милијарди евра

Редакција