еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра

Државата преку Агенцијата за управување со одземен имот, продаде два конфискувани станови и земјиште во сопственост на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Од Агенцијата информираа дека од конфискуваниот имот на Мијалков за случајот “Империја“„ собрала 15.000.500 денари или 244.000 евра.

Јавното надавањето за овој имот на Мијалков беше на 25.август, а на продажба беа два стана во Охрид, од кои едниот од 65 метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачење на 5.775.234 милиони денари, а другиот во истата зграда од 114 метри квадратни, проценет на 9.032.505 денари, како и земјиште од 56.818 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари и мал плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни, проценет на 29.686 денари.

Сите се со вкупна вредност од околу половина милион евра.

Претходно, во јули годинава на аукција на Македонската берза беа ставени запленети акции на Мијалков и на правни лица поврзани со него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не ги купи акциите на Мијалков, ќе го купи ли некој неговиот запленет имот?

(Фото) Кои се запленети акции на Мијалков од денеска се продаваат на Македонската берза

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Зуица Лазова во изведба на „Земјо мила“, уште една нумера од „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

Оилко лани со зголемена добивка

Редакција

Најголем интерес за рефререндумот кај иселениците во Швајцарија и Словенија, заинтересирани и во Атина и Њу Делхи

Редакција