еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Знамето на „голема Албанија“ во Тетово го веел германски државјанин

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово, го расчисти кривично – правниот настан кој се случи на 11 август на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

-Министерството за внатрешни работи известува дека по преземените оперативно – тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело. Станува збор за А.М. (21), кој е германски државјанин.

Во координација со Основното јавно обвинителстви – Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од Кривичниот законик до надлежното обвинителство за натамошно постапување, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го видоа ли од НАТО знамето на „голема Албанија“ во Тетово

На промоција на асфалтирана улица во Тетово повторно се вееше знаме со карта на „голема Албанија“

Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Могерини: Северна Македонија треба заедно со Албанија да добие датум за почеток на преговорите

Редакција

Младите од Македонија можат да аплицираат за бесплатни билети за патување низ Европа

Редакција

Триесетдневен куќен притвор за актерката Силвија Стојановска

Редакција