еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов.

Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на свинското месо на светските берзи и во соседна Србија, но, како што дополни, удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи.

-Цената е покачена со 40 денари, заради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа кај нас не требаше да се покачи цената, заради тоа што оваа година многу евтино го откупија јачменот, пченицата за исхрана на свињите. Цената на струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошоци, но се следат трендовите, овде најблиско е Србија, вели Сарафимов.

Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото.

Тој истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот на месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за полицаец од Битола за семејно насилство

Редакција

Службен весник вработува шест лица, плата до 43.112 денари

Редакција

Инспектори утврдија дека РЕК Битола со години не труе со сулфур диоксид: Македонија ќе плаќа казни

Редакција