еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Има и матични лекари кои не веруваат во корона вирусот, не ги пријавуваат пациентите за тестирање и ги лекуваат дома

Лекарската комора испрати апел до дел од матичните лекари кои се уште не веруваат во постоење на корона вирусот, пациентите не ги испраќаат на тестирање и ги лекуваат во домашни услови.

Нивното соопштение на Фејсбук, го пренесуваме во целост:

„Лекарската Комора од самиот почеток на пандемијата со Ковид-19, континуирано испраќа апели како до граѓаните, така и до вас, за доследно почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Мерките за заштита, како на работното, така и вон работното место, се официјални мерки препорачани од Светската здравствена организација, а Министерството за здравство секојдневно ги повторува и апелира до граѓаните да се придржуваат до нив.

Сепак, загрижувачки е фактот што еден дел од колегите сè уште своите лични убедувања ги ставаат пред сознанијата и насоките препорачани од Светската здравствена организација и државните здравствени авторитети и власти, при што се однесуваат спротивно на официјалните протоколи, медицината базирана на докази и кодексот на медицинската деонтологија.

Овие колеги не ги пријавуваат заболените за тестирање и ги лекуваат во домашни услови, а некои дури сметаат и дека вирусот не постои или се работи за заговори, со што се зголемува ризикот од ширење на инфекцијата.

Почитувани, вашите колеги кои работат на Клиниката за инфективни болести и оние кои биле таму да помагаат, оние кои работат во ГОБ “8 сeптември” и во Итната медицинска помош, колегите од Куманово, колегите од Дебар и многу други, ги споделија своите искуства на социјалните мрежи и во сите медиуми и сето тоа имавте можност да го прочитате и видите.

Вирусот е тука и за жал, носи жртви! Како ќе им објасните на семејствата на починатите дека е вирусот нешто што треба да се занемари?

Бараме да ги почитувате сите протоколи препорачани од Светската здравствена организација и од Министерството за здравство за заштита од Ковид-19! Бараме да се однесувате одговорно како на вашето, така и вон вашето работно место!

Бараме од сите вас да си ја исполните својата обврска кон пациентите со доследно придржување кон протоколите и начелата на медицината базирана на докази, добрата клиничка пракса и кодексот на медицинската етика и деонтологија! Сè друго го руши нашиот улед како фела!.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на заразени со корона вирусот во Тетово и тетовско

СЗО: Лицата кои немаат симптоми на корона вирусот, ретко ја шират инфекцијата

Чаир блиску до 200 активни случаи: Детален преглед на заразени со корона вирусот по скопските општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите ковид-мерки ги испразнија трговските центри: Прометот во Сити мол намален за 40 проценти

Редакција

Топ пет највисоки нето плати во јуни

Редакција

211 од излекуваните биле хоспитализирани, 925 се лекувале дома

Редакција