еМагазин
Image default
Македонија

Еден нов случај на Ковид – 19 во Врапчиште

Епидемиолозите открија еден нов случај на инфициран со корона вирусот во гостиварскиот регион.

Од последните пет тестирања, едно лице од општина Врапчиште имало позитивен резултат на Ковид- 19. До денеска се активни вкупно 30 случаи.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 13, а во Маврово и Ростуше 3.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, кој е претседател на штабот за денеска околу пладне најави нов состанок на кој покрај градоначалниците ќе присуствуваат и претставници на повеќе институции. Тој претходно состојбата ја оцени како стабилна и предупреди на задолжително почитување на мерките за заштита.

Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 475 тестови од кои 51 лице имало позитивни резултати на Ковид- 19. Од нив, 24 се во Гостивар, 22 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа три лица. За излекувани се водат 18 пациенти.

МИА/Фото: Општина Гостивар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир блиску до 200 активни случаи: Детален преглед на заразени со корона вирусот по скопските општини

Детален преглед на заразени со корона вирусот во Тетово и тетовско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како изгледа составот на техничката влада, која треба да се изгласа денеска до полноќ

Редакција

Само 15% од јавните претпријатија ги исполнуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи

Редакција

Стеван Павлески ќе ја застапува само Јанева, се откажа од Панделевски

Редакција