еМагазин
Image default
Македонија

Само 15% од јавните претпријатија ги исполнуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи

Само 15 проценти од 44 анализирани јавни претпријатија ги поседуваат техничките услови за постапување по пријави на укажувачи, а истовремено само три од претпријатијата во период од 2020 до 2022 година примиле пријава од укажувач.

Ова се наведува во резултатите од „Студијата за процена на состојбите за постапување по пријави на укажувачи, транспарентност и отчетност на јавните претпријатија во Република Северна Македонија” изработена во рамки на истражувањето на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, спроведено во периодот од декември 2022 – април 2023 година преку проект поддржан од Амбасадата на САД.

-Дополнително, Студијата забележа и ограничени човечки капацитети со оглед дека од 44 јавни претпријатија, само 19 од нив имаат назначено овластено лице за постапување по пријави на укажувачи. Слабости се забележани и во делот на интерните антикорупциски процедури и практики.

Па така, 23 јавни претпријатија немаат подготвено годишни планови за процена на ризици од корупција (или слични акти), 36 јавни претпријатија немаат акти за спречување на судир на интереси и 37 јавни претпријатија немаат интерни акти за примање подароци на вработени во јавното претпријатие од трети лица, информира ИСИЕ.

Анализата на студијата е насочена кон оцена на: техничките услови за постапување по пријави од укажувачи, кои се определени со Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во јавен сектор, човечките капацитети кои се на располагање на јавните претпријатија, процедурите за постапување по пријава од укажувачи и односот на јавното претпријатие со основачот (општина или Владата).

Во рамките на оваа студија направена е анализа на механизмите за прием и постапување по пријави на укажувачи во рамките на јавните претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа во четири плански региони (Источен, Пелагониски, Полошки и Скопски Плански Регион) за периодот 2020-2022 година.

Исто така, во рамките на истражувањето се опфатени и јавните претпријатија основани од државата (Владата), а коишто имаат седиште во рамките на општина во некој од наведените плански региони опфатени со истражувањето.

Во оваа студија беа анализирани вкупно 44 јавни претпријатија од кои обезбедени се податоци за 43 претпријатија, додека од едно претпријатие не се добиени податоци. Исто така, во студијата беа опфатени 19 основачи (18 општини и Владата), од кои обезбедени се податоци од 17 основачи (16 општини и Владата), додека од два основачи не се обезбедени податоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерот Зоран Заев во 12 часот ќе им се обрати на македонските граѓани

Редакција

Ѓоргиев: Не бегаме од заедничката историја, но, не ја сфаќаме на начин како бугарската страна

Редакција

Македонија го празнува 11 Октомври, Денот на антифашистичкото востание

Редакција