еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Запленети 50.600 евра на скопскиот Аеродром кај патник од Турција

Царинските службеници запленија 50.600 евра коишто, патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници.

„Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување.

Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето,“ се вели во соопштението.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Израел: Вакцината на „Фајзер“ е помалку ефикасна против делта сојот на Ковид-19

Редакција

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.212

Редакција

Познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис за „Медена земја“: Колку совршен филм во овој момент, воодушевена сум

Редакција