еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Зеленски не смета дека треба да му се извини на Трамп, ниту дека е направено нешто погрешно

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ изјави дека „не смета дека треба да му се извини на претседателот на САД“, Доналд Трамп, додавајќи дека ги почитува него и американскиот народ.

„Мислам дека треба да бидеме многу отворени и многу искрени. Не сум сигурен дека направивме нешто погрешно,“ рече Зеленски и оцени дека исходот од средбата „не е добар за ниту една страна“.

Зеленски дополни дека без американска помош, Украина тешко ќе ѝ се спротивстави на Русија, надевајќи се дека неговиот однос со Трамп може да се подобри.

„Посакувам Трамп да беше повеќе на наша страна“, додаде украинскиот претседател, кој оцени дека американскиот претседател греши кога тврди дека тој никогаш не би потпишал договор за мир со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека Украина мора да биде во силна позиција за да го стори тоа.

Трамп ја отфрли можноста за продолжување на разговорите велејќи оти се чини дека Зеленски не сака мир.

Интервјуто се случи по напуштањето на Овалната соба од страна на Зеленски по средбата со Трамп, каде што имаше жестока расправија помеѓу двајцата претседатели, како и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трамп јавно го понижи Зеленски, договорот за минералите остана непотпишан

Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов пакет монетарни мерки: Народната банка ја намали основната каматна стапка на 1,5%

Редакција

Каков имот пријавил Зекир Рамчиловиќ, новиот амбасадор во Црна Гора

Редакција

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сè додека не се вакцинираат постарите и ризичните

Редакција