еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Измамниците со лажни телефонски повици за сообраќајки, „олеснија“ 76-годишна жена за 130.000 денари

Измамниците со лажни телефонски повици за сообраќајни несреќи, „олеснија“ 76-годишна жена за 130.000 денари, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 17.01.2025 година во 18.30 часот во СВР Скопје, Р.С. (76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот примила телефонски повик од едно женско лице и едно машко лице, коишто и кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари на истите.

Пријавителката, по претходен договор со сторителите, на подрачјето на Драчево им предала 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена,“ велат од МВР.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хаос на презентацијата на новиот ДУП за Трнодол: Нападнат службеник на општина Карпош

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите го загубија првото место

Редакција

Бугарски пратеник на Фејсбук се пофали дека илегално влегол во Македонија барајќи го тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“

Редакција