Согласно Одлуката на Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје за измени и дополнувања на Тарифникот за висината на надоместоците на Македонска берза од 29.05.2024 година и Решението на Комисијата за хартии од вредност од 06.06.2024 година, од 17.06.2024 година започнуваат со примена измените и дополнувањата на Тарифникот за висината на надоместоците на Берзата, информираат од таму.
-Со овие измени и дополнувања се врши промена во начинот на пресметка на надоместокот за котација на сите видови на хартии од вредност на Берзата, како и кај определени услуги и потврди што ги обезбедува Берзата.
Измените и дополнувањата на тарифните ставки се направени имајќи ги предвид состојбите на овој план на другите регионални берзи, односно спецификите на македонскиот пазар и моментално котираните издавачи на хартии од вредност, велат од таму.
Пречистениот текст на Тарифникот за висината на надоместоците на Македонска берза може да се најде на интернет страната на Берзата, во делот Регулатива/Акти на Берзата/Тарифник.