еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Изјавата на еврокомесарката Кос за уставните измени, личи на директно мешање во внатрешните работи, вели Сиљановска Давкова

Запрашана за изјавата на новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, „која од земјава очекува промена на Уставот за вклучување на Бугарите – ништо повеќе и ништо помалку“, претседателката Гордана Сиљановска Давкова од Црна Гора порача дека има забелешка на нејзината дикција.

„Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи како на, тоа не е филозофија, како на нешто што е познато земи го или остави го. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство, тоа мене ме плаши од дикција која значи директно мешање во внатрешните работи,“ вели Сиљановска-Давкова.

Таа смета дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже дека нешто мора тоа значи премногу бирократско перцепирање на Европската Унија.

„Би разбрала дикција дека препорачуваме или укажуваме итн., меѓутоа да речете мора тоа да го сторите тоа значи дека имате пристап од страна на ЕУ, што јас го нарекувам бирократски. ЕУ не е бирократска машинерија, повеќе е од тоа, така вели господинот Макрон, дека е филозофија заснована на принципи и вредности, значи еве и јас малку да бидам прагматична.

Зошто велам дека имам забелешка, од истата причина заради која јас сум овде по 50 години заедно. Јас очекувам и на оние кои веќе се во ЕУ, а до вчера биле со нас со умереност и респект да се однесуваат кон сите. Значи, тоа е првото,“ изјави Сиљановска Давкова.

Фото/Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) ДИК на јавна седница ги презентира изборните резултати

Редакција

Тодоровиќ повеќе од три часа на распит во суд за „Феникс“, Обвинителство бара притвор

Редакција

Еден од новопочинатите без претходни заболувања и контакт со потврден случај

Редакција