еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство

Доктор Ирена Алексиоска Папестиев е новиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Таа завршила Медицински факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ (УКИМ) во 2006 година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и македонското Лекарско друштво.

Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерство на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година.

Во текот на своето образование има бројни престои за стручно усовршување во реномирани центри во Велика Британија, Израел, Швајцарија, и Хрватска, информираат од Министерството за здравство.

Паралелно со стручното усовршување има и академска кариера на Медицинскиот факултет при УКИМ каде ги поминува сите степени на академско унапредување од асистент, доцент, а моментално е избрана за професор.

Член е на повеќе стручни меѓународни здруженија преку кои има одржано повеќе стручни предавања од актуелните теми од гинекологијата на разни домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни конференции.

Во целиот тек на своето работно искуство е докажана како професионалец, почитуван од пациенти и колеги, со истакнати организациски способности, велат од Министерството. Автор е на бројни научни публикации и коавтор на повеќе академски учебници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семафор паднал врз 62-годишен кумановец

Редакција

Антикорупциска побарала од Владата да го разреши Тозија, од таму им одговориле дека неговата одговорност треба да се бара кај други органи

Редакција

Фирма од Швајцарија ја купува македонската фирма “Гринтех мк“

Редакција