По одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, да ги замрзне царините за 90 дена за околу 60 земји, освен кон Кина, Европската Унија исто така одлучи да го одложи за 90 дена спроведување на контрамерките.
ЕУ вчера воведе 25% царини кон САД, но со оваа одлука ќе даде простор за преговори.
„Додека го финализиравме усвојувањето на европските контрамерки, кои добија широка поддршка од земјите-членки, одлучивме да ги суспендираме за 90 дена.
Ако преговорите не успеат, контрамерките ќе бидат спроведени. Во исто време, подготвителната работа продолжува за дополнителни мерки,“ напиша претседателката на Европска комија, Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ги стопираше царините за 60 земји на 90 дена, освен за Кина
ЕУ воведува царини кон САД од 25%
Фото: Unsplash