Сопствениците на фирмата „РКМ“, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски добија по 30 дена притвор, откако беа осомничени од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за злоупотреба и перење пари за набавка на мазут, со сомнително потекло и квалитет, за ТЕЦ Неготино, вредна 167 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството отвори истрага за 13 физички и едно правно лице, а меѓу нив се и сопственикот на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, кој доби домашен притвор, поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство, поранешениот директор на сектор во ЕСМ, Адриан Муча и уште неколку лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“ доби домашен притвор?
Капушевски во притвор, Јахоски во домашен притвор
еМагазин разгледа каков имот пријавил Капушевски според единствените достапни податоци (бидејќи не е повеќе државен функционер), кога бил директор на спортскиот центар “Борис Трајковски“ во април 2016 година на mkopen.org.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил
На име на родителите пријавил три стана од по 37, 67 и 87 метри квадратни во Скопје, од кои два се од наследство.
На име на родителите пријавил и земјиште во Пехчево.
На име на родителите пријавил и две возила, “фиат панда“ и „мазда“, и уште едно на име на сестра му, „смарт“.
Според тогашните податоци имал и два кредити на негово име, кои треба да се вратени, како и еден на име на родителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?
Детали од МВР за апсењето на Капушевски и Јаоски: Запленето и оружје
Кои други лица освен Капушевски, Јаоски и Ковачевски се опфатени со истрагата за набавката на мазут
Фото: Фејсбук/Капушевски