Фершпед АД Скопје лани остварил оперативна добивка во износ од 117.970 илјади денари, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2024 година изнесуваат 4.718.398 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2023 година се зголемени за 5.5%.
Оперативните приходи во износ 4.707.986 илјади денари учествуваат со 99,8% во вкупните приходи и истите се зголемени за 5% во споредба со оперативните приходи во 2023 година.
Финансиските приходи во износ од 10.412 илјади денари бележат зголемување за 43% во однос на истите од претходната година.
Вкупните расходи во износ од 4.591.548 илјади денари се зголемени за 6% во однос на вкупните расходи во 2023 година.
Оперативните расходи во износ 4.590.016 илјади денари се зголемени за 6% во однос на 2023 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 81% имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 3.735.375 илјади денари.
Финансиските расходи во износ од 1.532 илјади денари бележат зголемување за 184% во однос на истите од претходната година.
Фершпед АД Скопје за периодот јануари-декември 2024 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 110.104 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фершпед со добивка во првото полугодие