еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопштија детали за истрагата во која се осомничен сопствениците на фирмата „РКМ“, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство, поранешениот директор на сектор во ЕСМ, Адриан Муча и уште неколку лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Капушевски во притвор, Јахоски во домашен притвор

Се работи за злоупотреба и перење пари набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, вредна 167 милиони евра.

Со истражната постапка, како што информираа од Обвинителството, се опфатени 13 физички и едно правно лице.

-Постои основано сомнение дека десет лица како созвршители или помагачи сториле кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

На двајца осомничени и на правното лице им се става на товар дека освен кривичното дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело, додека едно лице е осомничено за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во периодот на 2021 – 2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација.

Со намера да го изиграат договорот не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице, а на штета на државниот буџет во вкупен износ од 10.304.324.094 денари или околу 167.549.985 евра.

Во намерата со умисла им помогнале осомничените вработени во АД Електрани на Северна Македонија – Скопје, кои се наоѓале на високи позиции од генерален директор и директори на сектори до претседатели и членови на комисии поврзани со јавни набавки, спроведувајќи постапки за јавна набавка на мазут спротивно на Упатството за начинот на спроведување на јавните набавки во АД ЕСМ.

Со непочитување на начелата на сразмерност, конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, иако знаеле дека правното лице не ги исполнува бараните критериуми за носител на јавната набавка, помогнале да се склучат договори за јавна набавка во корист на истото и му овозможиле да испорачува мазут се до 24.02.2023 година.

Паричните средства кои осомничените ги прибавиле со кривичното дело, а кои претставуваат противправно остварена имотна корист од спроведена постапка по јавен повик на АД Електрани Северна Македонија – Скопје, во периодот од месец декември 2021 година до месец април 2023 година ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото.

Со дел од средствата купиле две моторни возила„Mercedes Benz“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина.

Воедно, врз основа на договор за посредување и Анекс кон договорот, склучен помеѓу осомниченото правно лице и осомничен сопственик на правно лице со иста дејност, во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000 денари за наводно извршени работи согласно договорот, кој претставувал само привидно средство за вршење на предметните трансакции.

Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај кого МВР при акцијата за отровниот мазут најде и оружје?

Детали од МВР за апсењето на Капушевски и Јаоски: Запленето и оружје

Кои други лица освен Капушевски, Јаоски и Ковачевски се опфатени со истрагата за набавката на мазут

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Иџет Мемети, кој е избран за заменик претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

Обработени 16,88% од гласовите: Пендаровски 41,77, Силјановска 38,69 и Река 15,65%

Редакција

Македонски брачен пар во Брисел за личното искуство со Ковид-19: Вирусот постои, брзо се шири и има штетни последици

Редакција