еМагазин
Image default
Македонија

Обработени 16,88% од гласовите: Пендаровски 41,77, Силјановска 38,69 и Река 15,65%

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 16,88 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 41,77 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 38,69 а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 15,65 отсто.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.

МИА/фото: ДИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега

Редакција

Османи: Засега без договор со СДСМ за можниот консензуален кандидат за претседател

Редакција

Какви доверливи информации има Боки 13?

Редакција